Мбапе погоди против Каират и се запиша во историјата на Реал Мадрид

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе беше стрелец против Каират Алмати во првото полувреме од второто коло во Лигата на шампиони (ЛШ), а со тоа се запиша во историјата на Реал Мадрид.

Мбапе стана првиот фудбалер кој ги постигнал првите три гола за „кралевите“ во елитното клупско натпреварување на УЕФА.

Младиот фудбалер игра во врвна форма по доаѓањето во гигантот од Мадрид, а тоа го покажа со неговите погодоци.