Мурињо дојде како противник на „Стенфорд Бриџ“, но доби овации (ВИДЕО)

Жозе Мурињо вечерва како противник со екипата на Бенфика се врати на „Стенфорд Бриџ“, а навивачите му покажаа дека не го забораваат неговиот придонес.

Португалецот остави длабока трага во Лондон, па така вечерва имаше и топол пречек, па во еден момент целиот стадион и го скандираше неговото име. Не остана рамнодушен ниту Мурињо кој возврати со кревање на рацете.