Хрватот Оршиќ го има голот на вечерта во ЛШ, Нојер беше гледач повеќе! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пафос беа убедливо поразени од Баерн Минхен на свој терен со 1-5, но ако може да биде некаква утеха го имаат веројатно најубавиот гол од сите натпревари кои се играа вечерва.

Хрватот Мислав Оршиќ во финишот од првиот дел со фантастичен удар од далечина го матираше Мануел Нојер кој во оваа ситуација беше само гледач повеќе. Во моментот кога Оршиќ го постигна голот, Баерн веќе водеше со 0-4.