Лекција за Звезда на стартот од Евролигата, Шортс само асистираше во победата на Панатинаикос

Со вечерашните натпревари од првото коло започнаа и возбудувањата во Евролигата, а свој натпревар имаше и белградскиот гигант, Црвена Звезда кој стартуваше со пораз од Олимпија Милано со 82-92.

Очекувањата во Звезда беа дека имаат ривал по мерка за стартот на сезоната, но сепак се покажа дека во ваков состав не можат премногу. Проблемите со поведи и отсуствата на: Добриќ, Кенан, Плавшиќ и Грејем прилично се почувствуваа. Исто така и кон средината на второто полувреме се повреди Ривер.

Армани констатно имаше водство, Звезда на моменти успеваше да се врати, меѓутоа Италијанците во клучните моменти беа секогаш подобри, па така составот на Еторе Месина и заслужено победи. Натпреварот беше решен на стартот на последната четвртина кога Олимпија направи двоцифрена разлика и во тие моменти беше јасно дека Звезда ќе мора да се помири со поразот.

Грчки Панатинаикос каде што настапува македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс славеше победа на свој терен против Баерн со 87-89. Шортс на теренот помина десетина минути во кои не постигна поени и забележа само три асистенции.

На останатите две средби, Олимпијакос славеше кај Басконија со 102-96, додека Виртус Болоња на свој терен го доби Реал Мадрид со 74-68. Претходно денескаа, Анадолу Ефес го совлада Макаби со 85-78.

Фото: Olimpia Milano