
Барселона го декласира Ал Ахли и избори финале на Светското клупско првенство
Барселона ја најави големата победа уште во првото полувреме, кое им припадна со шест голови разлика (14-8), по што во вториот дел го одржа нивото и славеше со 26-21.
Најефикасен во победата на шпанскиот тим беше Дика Мем со пет погодоци, додека Јасир Саифелден погоди четири пати.
Шпанскиот гигант во финалето на натпреварувањето ќе се бори против Веспрем, кој претходно беше подобар од Магдебург.