
Oвиедо со пресврт во две минути ја шокираше Валенсија (ВИДЕО)
Валенсија многу рано во една од првите прилики по само четири минути стигна до предност, а стрелаше Данјума.
Во продолжение гостите се консолидираа и се водеше изедначена битка со по некоја прилика на двате страни.
Водството на домашниот состав беше актуелно се до самата завршница, прво Илиќ во 85. минута израмни на 1-1, а потоа и Рондон само една минута подоцна погоди за вистински шок на „Местаља“. Треба да се каже и дека претходно во 75. минута Валенсија преку стрелецот Данјума пропушти голема прилика бидејќи не реализираше пенал.
Овиедо во финишот остана и со фудбалер помалку откако исклучен беше Илиќ во судиското продолжение, но веќе беше предоцна за Валенсија да се врати.
🔥🇻🇪 GOOOOL DE SALOMÓN RONDÓN CON REAL OVIEDOpic.twitter.com/c8rb2vPnOj
— Luis Omar Torrealba (@LuiSiuu21) September 30, 2025
На табелата Валенсија по седум кола останува со осум бода на 12-тата позиција, додека Овиедо е 14-ти со шест бода.
Фото: Real Oviedo/X