Лудило со шест гола во Лисабон, Баерн се спаси, Аталанта испадна (ВИДЕО)

Бенфика повторно беше дел од еден од најдраматичните натпревари во Лигата на шампионите.

Тимот од Лисабон обезбеди пласман во осминафиналето каде ќе се сретне со Барселона или Ливерпул откако вечерва одигра нерешено со Монако (3-3) и помина во следната фаза поради триумфот во првиот меч со 1-0. Натпреварот многу наликуваше на оној што Бенфика го одигра против Барселона во лигашкиот дел кога два пати имаше водство од два разлика, а на крајот загуби.

 

 

Денешниот натпревар го одбележаа пресвртите, а Монако во два наврата беше многу блиску барем до продолженија. Со голот на Бен Сегир во 51. минута водеше со 2-1, а се чинеше дека по погодкот на Иленикена во 81. минута ќе дојде до нова шанса за пласман во осминафиналето. Во првиот случај израмни Павлидис од пенал, а во 84. минута погоди и Кокчу кој ја однесе Бенфика меѓу 16. најдобри во Лигата на шампионите.

Баерн во  94. минута се спаси од продолженија во дуелот со Селтик, играјќи 1-1 на домашен терен. Шкотскиот тим водеше од 63. минута кога Кун ја анулираше предноста на баварскиот гигант од првиот меч, но Дејвис во судиското надополнување на времето го израмни резултатот, па поради победата од 2-1 во Глазгов, Баерн помина во осминафиналето.

Најлесно вечерва помина Бриж кој за едно полувреме ја уништи Аталанта и ја победи со 3-1. Трите гола, белгискиот тим ги постигна во првото полувреме во кое два пати погоди Таиби, а еднаш Јутгла. Гасперини на почетокот од второто полувреме го внесе во игра Лукман кој погоди по само 40 секунди во игра, но подоцна тој беше трагичар затоа што во 61. минута промаши пенал со кој можеше да ја врати драматичноста. На крајот, Бриж помина во осминафиналето со вкупен резултат 5-2.

РЕЗУЛТАТИ
Аталанта - Бриж 1-3 (прв натпревар 1-2)
Баерн - Селтикс 1-1 (2-1)
Бенфика - Монако 3-3 (1-0)
Милан - Феенорд 1-1 (0-1)