Магија во Рим: Дибала за четири минути два пати го стресе Порто (ВИДЕО)

Порто прв стигна до водство во реваншот против Рома со голот на Саму во 27. минута, но потоа на сцената настапи Пауло Дибала, кој стрелаше дури двапати во период од четири минути.

Аргентинскиот репрезентативец ја покажа својата магија во 35. минута кога во неколку потези го матираше голманот на Порто, а само четири минути подоцна со прекрасен удар повторно ја испрати топката во мрежата на гостите од Португалија.