Џабе сите поплаки: Oдбиена жалбата на Реал Мадрид за Белингам

Жалбата на Реал Мадрид за црвениот картон на Џуд Белингам е одбиена, потврдија денеска од Дисциплинската комисија на Ла Лига.

Англискиот репрезентативец заработи исклучување во минатото коло против Осасуна поради навреди кон судијата Хозе Луис Мануер Монтеро.

Околу целата ситуација се појавиа многу контроверзии, а Реал беше прилично агресивен во обидите да издејствува суспензија за Монтера сметајќи дека неправедно го исклучил Белингам.

Одбиената жалба значи дека Белингам дефинитивно ќе ги пропушти натпреварите против Жирона и Бетис во Ла Лига, но исто така Анчелоти нема да го има и на располагање во првиот натпревар од осминафиналето во ЛШ против Атлетико Мадрид поради парни жолти картони.