
Алкараз без загубен сет го мина и Лехечка - на потег е Ѓоковиќ!
Алкараз го продолжи перфектниот од по грен-слем турнирот, без загубен сет стигна до полуфиналето.
Денеска со максимални 3-0 беше подобар и од Лехечка. Првиот сет го доби со 6-4, со брејк кој го доби уште на самиот почеток од мечот.
Најдобар беше во вториот сет кој го доби со 6-2, а во третиот исто како и во првиот беше подобар со 6-4. Мечот траеше вкупно еден час и 58 минути.
Може да гледаме мега полуфинале меѓу Алкараз и Ѓоковиќ доколку српскиот тенисер ноќеска биде подобар од Тејлор Фриц.
Фото: EPA photo