
Тен Хаг само два месеци беше тренер на Леверкузен - замина со „полна торба“ пари!
Тен Хаг во Леверкузен урна неславен рекорд, доби отказ по само две одиграни кола во Бундеслигата.
Леверкузен одигра лошо во овие два меча, загуби на домашен терен од Хофенхајм, па ремизираше со Вердер иако имаше водство од 3-1 и играч повеќе.
Но, резултатите не се единствената причина за отказот, Холанѓанецот ги загуби конците во соблекувалната уште за време на подготовките. Раководството на германскиот клуб виде дека работата не може да се подобри, па го разреши тренерот.
Според германскиот „Билд“, Тен Хаг за отказот ќе добие отштета од дури шест милиони евра.
Тој на кормилото на тимот се задржа 62 дена, па ако се пресмета сумата која ја доби како отштета ќе се дојде до резултат дека Тен Хаг го чинел Леверкузен 100.000 евра дневно.
Сега тој ги има тие шест милиони евра на својата трансакциска сметка, плус е слободен тренер и може да си бара друг ангажман.