Фермин првпат проговори за можностите за трансфер: Барса секогаш ми беше приоритет

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез за првпат проговори за можноста да потпише за Челси во неодамна затворениот преоден рок.

Играчот од средниот ред го направи тоа во интервју за „Мундо Депортиво“, во кое тврди дека негов приоритет отсекогаш бил да остане во Барселона и да го носи дресот на Блауграна.

„Мојот приоритет отсекогаш беше да бидам во Барса. Пристигнав кога имав 12 години, мојот сон беше да останам тука, да заиграм во првиот тим. Секогаш е комплимент кога има интерес од други клубови, но вистината е дека отсекогаш имав идеја да останам во Барса и да можам да успеам тука. Многу е важно, бидејќи отсекогаш се борев да бидам тука, да играм за Барса. Знаете, во фудбалот никогаш не се знае и има работи што не зависат од нас, но мојот приоритет отсекогаш бил Барса“, рече Фермин.

Тој одлучи да остане и покрај силната конкуренција во средниот ред каде се уште Олмо, Педри, Гави, Де Јонг итн.