Стојанов: Не можев да ја исполнам мојата визија за Брера - заминувам!

Брера денеска и официјално ја потврди оставката на тренерот Панче Стојанов, а тој го образложи неговото заминување.

Пред извесно време излезе информацијата дека Стојанов веќе не е тренер на Брера, а денеска тоа и официјално е потврдено.

„Тренерот Панче Стојанов си поднесе оставка од кормилото на АП Брера Струмица по четири првенствени кола. Оставката е лична и не се должи на постигнатите резултати на првиот тим на почетокот на оваа сезона. Тој верува во потенцијалот на екипата што ја предводеше а оставката е од лични причини“, стои во соопштението на Брера.

Самиот Стојанов ја објасни причината за заминувањето.

„Оставката е лична  бидејки неможам да ја исполнам мојата визија и планови со екипата во дадените околности.  Оваа екипа има потенцијал  и верувам дека со посветена работа ќе се исполни зацртаната цел а тоа е опстанок во Првата лига“, вели Стојанов.