
Ѓорческа со лесен триумф го почна турнирот во Романија
Ѓорческа во петтиот гем го направи првиот брејк за водство од 3-2, но Огеску возврати во следниот и израмни на 3-3. Македонката, сепак, во продолжение од сетот освои уште два гема на противнички сервис и стигна до 6-3.
Двете тенисерки имаа проблеми на свој сервис во вториот сет, зашто загубија по неколку гемови, меѓутоа на крајот Ѓорческа повторно беше поуспешна и славеше со 6-2.