Тренер нокаутира судија среде меч, па доби суспензија и заврши во затвор (ВИДЕО)

Фудбалскиот тренер Роберт Вилијамс-Џонс е казнет со доживотна суспензија, поради тоа што удри линиски судија за време на натпревар од аматерска лига во Велика Британија.

Овој 43-годишен стратег од Велс, исто така, е осуден и на шестмесечна затворска казна поради тоа што го удрил судијата во април минатата година во дуел кој неговиот тим го загуби со 0-8.

Дисциплинската комисија му наредила и да плати парична казна од 3.000 фунти, а исто така неговиот тим веднаш ја раскинал соработката.