Беретини го шокира Ѓоковиќ на стартот на турнирот во Доха

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ загуби од Матео Беретини со 0-2 во сетови, односно 6-7 и 2-6 на стартот на турнирот во Доха.

Ѓоковиќ беше трет носител на турнирот и се очекуваше да стигне до самата завршница, но Беретини покажа дека нема да биде „лесен залак“ за Србинот и тоа го покажа во тај-брејкот кој му припадна со 7-4 во првиот сет.

Србинот влезе во проблеми во вториот сет, односно Беретини направи брејк во вториот гем (2-0), по што успешно го чуваше водството до самиот крај кога повторно му го одзема сервисот на Ѓоковиќ за конечни 6-2.

Беретини во следното коло ќе игра против Талон Грикспор, кој претходно беше подобар од Штруф.