Ѓоковиќ по елиминацијата: Немам изговор, Беретини одигра совршен меч!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше елиминиран од Матео Беретини со 0-2 во сетови на почетокот на турнирот во Доха.

Мечот меѓу Ѓоковиќ и Беретини траеше еден час и 34 минути, а Србинот имаше само пофални зборови за ривалот.

„Беретини одигра совршен меч, немам изговор. Неговиот сервис беше прецизен и силен, немав шанси да му парирам. Не почувствував никаква болка за време на натпреварот, едноставно победи подобриот тенисер“, кажа Ѓоковиќ.