
Гасперини распука по „пеналџијата“ Адемола Лукман!
Лукман во игра влезе на почетокот од првиот дел кога Аталанта веќе имаше негатива од 3-0. По само неколку секунди игра тој даде гол за 3-1, а брзо потоа беше досуден пенал. Лукман зема тој да го изведува и промаши.
„Адемола Лукман е еден од најлошите изведувачи на пенали кои сум ги видел во мојот живот“, вели Гасперини.
„Тој сакаше да го изведе пеналот откако претходно даде гол, ја зема топката и покрај тоа што Ретеги и Де Кетеларе се оние кои треба да ги изведуваат пеналите. Не ми се допадна тоа што го направи Лукман“.