Чурлинов со Јагелонија успешно го елиминира ТСЦ

Јагелонија триумфира со 3-1 во реваншот против ТСЦ Бачка Топола и се пласира во осминафинале на Конференциската лига, а дел од натпреварот беше и македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.

Хансен по само осум минути игра им донесе водство на домаќините, но набрзо ТСЦ израмни преку Лазетиќ на 1-1.

Возбудувањата продолжија во второто полувреме, кога Имаз стрелаше за 2-1, додека Радојевиќ со автогол ги постави конечните 3-1.

Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 71. минута од клупата за резерви.

На останатите натпревари, Панатинаикос го совлада Викингур со 2-0 и се пласира во осминафинале, каде што друштво ќе му прави и Целје кој со 2-0 го реши АПОЕЛ.