Челси плаќа 85 милиони евра за фудбалер кој го продаде за 23?

Најмногу проблеми екипата на Челси сезонава има во одбраната која заедно со онаа на Манчестер сити е најлошата од екипите кои се во битка за местата кои водат во Лигата на шампионите, а решението за „сините“ на лето може да пристигне од Кристал Палас.

Медиумите на Островот пренесуваат дека репрезентативецот на Англија, Марк Гуехи кој го носи дресот на Кристал Палас е желба на Енцо Мареско за засилување на последната линија.

За репрезентацијата на Англија Гуехи дебитираше во 2022 годна, а минатото лето Њукасл се обидуваше, но не успеа да го доведе. Интерес за него имаше и во јануари кога Тотнем се распрашуваше, меѓутоа и тогаш не го напушти Палас.

Неговиот договор истекува во јуни 2026 година и клубот од „Селхуст Парк“ за него бара оштета од 85 милиони евра. Британските медиуми се убедени дека цената нема да ја намалат и дека во летниот периоден рок ќе ја бараат истата.

Најавите се дека Челси на инсистирање на Мареска може да прифати да ја плати оваа сума. Кристал Палас пред четири години за да го доведе на „сините“ им плати 23 милиони евра.