Ракометар на Пелистер се најде во тимот на колото во ЛШ!

Екипата на Пелистер успеа да слави против Динамо Букурешт во Лигата на шампионите, а еден член на македонскиот претставник доби место во идеалниот тим.

Составот за ова коло го избираше екс-словенечкиот репрезентативец Лука Звижеј и во неговиот тим најде место за десното крило на битолскиот состав, Богдан Радивојевиќ.

За МВРП на колото беше избран Феликс Клар од Магдебург.

Ќе потсетиме, Пелистер се уште е во битка за осминафиналето во ракометната елита и во овој момент на седматоото место со осум бода, колку што има и Висла на шестата која е последната позиција која носи во следната фаза.