Салах сам се испофали и го потцени успехот на Халанд!

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах самиот се пофали за бројките на голови и асистенции кои ги има направено во црвениот дрес.

Салах е еден од клучните фудбалери на Ливерпул за успесите во изминатите години, неговите бројки на голови и асистенции се импресивни, но импресивен е бројот и на погодоци на Халанд.

„Многу го почитувам Халанд“, вели Салах.

„Тој е напаѓач, па него му е малку полесно! За крилен играч како мене, потешко е да дојдете до такви бројки. Секое крило може да ви го потврди тоа“.

„Па гледам разлика меѓу нас бидејќи тој е шпиц, а јас сум крило“.