Алкалоид по рутинска заверка на четвртфиналето во Европскиот куп

Алкалоид денеска од 18 часот ќе го почне реванш осминафиналниот натпревар против Бриксен од ЕХФ Европскиот куп.

Македонскиот тим уште во Италија си ја заврши работата каде го победи Бриксен со 44-32. Денешниот реванш натпревар треба да биде само рутинска завршница на осминафиналната пресметка.

Алкалоид е голем фаворит и на денешниот меч, па очекувањата се дека со сигурен триумф ќе го завери местото во четвртфиналето.

Кире Лазаров во составот за овој меч го вметна и Дамјан Митев кој долго беше отсутен поради повреда, тој е на местото на Михајло Младеновиќ.