Четири гола на Гираси, Борусија со „шестка“ го испрати Унион Берлин (ВИДЕО)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд по два порази во Бундеслигата денеска конечно одиграа како што навивачите очекуваат и славеа победа од 6-0 против Унион Берлин.

Фудбалерите на Борусија Дортмунд по два порази во Бундеслигата денеска конечно одиграа како што навивачите очекуваат и славеа победа од 6-0 против Унион Берлин.

Гол-шоуто на „милионерите“ беше најавено со автоголот на дефанзивецот Леита, а пред паузата во листата на стрелци се запиша и Серху Гираси.

Во второите 45 минути домаќините беа многу по расположение пред голот на гостите и постигнаа уште четири погодоци. Фантастичен беше Гираси кој погоди уште три пати, додека преостанатиот гол беше дело на Масимилијан Бајер во 89. минута за конечни 6-0.

Со овие три бода Борусија дојде до 32 со кои се наоѓа на десеттата позиција на табелата, Унион Берлин 13-ти со осум помалку од „милионерите“.