
Пресуден беше поразот од Вардар: Струга остана без тренер!
Струга имаше лош старт на пролетниот дел од сезоната и Османи одлучи да поднесе оставка која клубот ја прифати и ќе побара нов стратег.
Пресуден беше денешниот пораз од Вардар на домашен терен од 0-2.
„Струга изразува благодарност до Османи за неговата професионалност во времето поминато заедно и му посакуваме среќа во понатамошната кариера“, стои во соопштението на Струга.
Османи ја предводеше Струга на 26 натпревари во кои оствари 12 победи, 5 нерешени натпревари и девет порази.