
Брутални навреди за играчите на Динамо од Бед Блу Бојс, не беше поштеден ни Адеми
Тоа ги налути навивачите на загрепскиот тим, припадниците на Бед Блу Бојс кои ги имаше околу 400 во кафезот на стадионот во Риека. Тренерот Фабио Канаваро ги испрати фудбалерите кон трибината каде се наоѓаа најжестоките навивачи, овие прво застанаа во шеснаесетникот пред нив, а потоа им се доближи Аријан Адеми како еден од најискусните во екипата.
Бед Блу Бојс истурија низа навреди кон него, а потоа се придружија и останатите играчи кои ја доживеаја истата судбина. Динамо сега има седум бода негатива во однос на лидерот Риека и минимални шанси да ја одбрани титулата во хрватското првенство.