Новата руска сензација испиша историја во Дубаи

Мира Андреева, руската тенисерка која во април ќе наполни 18 години, денеска ја освои својата втора титула во професионалната кариера и испиша историја во светскиот тенис.

Во финалето од турнирот во Дубаи, таа ја совлада Клара Таусон од Данска со 2-0 (7-6, 6-1) и стана најмлада тенисерка во историјата која освоила титула од категоријата 1000. По триумфот во Дубаи, таа ќе избие на деветтото место на ВТА листата и ќе стане најмладата во топ-10 по Никол Вајдишова во 2006 година.

Тука не би требало да биде крај на прогресот на Андреева бидејќи таа сега е на 60 бода заостанување зад осмопласираната Кинвен Женг, а и тенисерките до топ-5 не се далеку од неа.