
Еуфорија во Битола: Пелистер ја распродаде салата за со Алкалоид!
Битолскиот клуб и актуелен шампион на Македонија денеска се пофали дека салата „Боро Чурлевски“ е распродадена што значи дека најмалку 5.000 навивачи ќе го бодрат Пелистер во еден од најважните натпревари во сезоната. На Пелистер не само што му е потребна победа, туку таа треба да биде изразена со најмалку седум гола разлика ако „зелено-белите“ сакаат да бидат пред Алкалоид по основниот дел од шампионатот.
Пелистер веќе има негативен биланс во однос на Вардар и ако в понеделник не оствари победа со 7+ гола, во вториот дел најверојатно ќе влезе од третата позиција.