Флик ги погоди измените, Барса со големи три бода се враќа од Канарските острови (ВИДЕО)

Два часа откако падна на втората позиција поради триумфот на Атлетико, Барселона се врати на чело на табелата во Ла Лига.

„Каталонците“ славеа на гостувањето кај Лас Палмас со 2-0, одмаздувајќи ми се на овој тим за поразот на домашен терен во првиот дел од сезоната. Тоа е петти триумф по ред за Барселона и седми вкупно оваа сезона без примен гол, додека Лас Палмас и седми меч по ред не успеа да дојде до триумф.

Двата гола беа постигнати во последната третина од натпреварот, а слободно може да се каже дека тренерот Ханси Флик ги погоди измените бидејќи погодија играчите кои влегоа во игра во второто полувреме. На стартот од вториот дел, Олмо го замени Фермин Лопез и 15-тина минути подоцна го отвори резултатот по одличната акција со Ламин Јамал. Во 85. минута, Феран Торес влезе место Јамал и во судиското продолжение ги постави конечните 2-0 со својот петти гол сезонава.

Барселона сега има 54 бода, еден повеќе од Атлетико и три од Реал кој својот меч против Жирона го игра утре.