Aлкалоид со уште една победа против Бриксен до четвртфинале во Европскиот куп! (ФОТО)
Алкалоид во првиот натпревар славеше победа од 12 голови разлика и практично уште тогаш го обезбеди местото во следната фаза, а денеска не дозволи никакво изненадување и во салата „Автокоманда“ запиша уште еден триумф.
Повторно гледавме ефикасен натпревар и во првите 30 минути се постигнаа 39 гола со тоа што Бриксен на пауза замина со еден гол предност (19-20).
Сепак, македонскиот претставник во вториот дел го подигна нивото на игра и лесно дојде до уште еден триумф, сега со седум гола разлика.
Александар Петковски со осум гола беше најефикасен кај Алкалоид, а зад него следеше Марко Митев со седум. На спротивната страна Оливеира Канадидо постигна 12.