Вардар сигурен во Куманово, Охрид не победи против Пролет

Eкипата на Вардар запиша уште една победа во ракометната Суперлига откако на гости го совлада Куманово со 25-38.

Од почетните минути Вардар го наметна своето темпо и контатно имаше контрола на натпреварот.

Највисоката предност во првите 30 минути за „црвено-црните“ беше 11 гола, додека на пауза заминаа со водство 12-22.

Не се промени ништо ниту во вториот дел, Вардар сигурно ја одржуваше предноста која во еден момент изнесуваше и 14 гола.

Изненадување во ова коло приреди Пролет кој успеа да го запре Охрид на свој терен одигрувајќи 23-23. Во останатите две средби од истиот термин Тиквеш беше подобар од Прилеп со 30-24, додека без победник заврши средбата Бисинов – Радовиш (30-30).