Ливерпул чекор поблиску до титулата, Вест Хем го сруши Арсенал! (ВИДЕО)

Eкипата на Вест Хем приреди изненадување и во рамките од 26. коло славеше во лондонското дерби против Арсенал со минимални 0-1.

Поразот на Арсенал е одлична вест и за Ливерпул кој така по 26 одиграни натпревари во последните 12 кола ќе влезе со одлични осум бода предност.

Имаше иницијатива и посед на топка, но сепак избраниците на Атета денес не беа премногу опасни во завршницата од акциите. Одлучувачкиот момент се случи пред крајот на првиот дел кога Боувен ја погоди мрежата на домашниот состав.

Проблемите за Арсенал се зголемија и кога во 73. минута исклучен беше Луис Скели.

На останатите средби Брајтон славеше убедливо над веќе отпишаниот Саутемптон со 0-4, Тотнем со 1-4 славеше над Ипсвич, Вулвс запиша минимална победа од 0-1 над Бормут, а со 0-2 Кристал Палас го победи Фулам на гостински терен.