Taндемот Асенсио - Рашфорд го сруши Челси! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила со пресврт славеа победа над Челси од 2-1 во рамките од 26. коло во англиската Премиер лига.

Астон Вила со овој триумф дојде до 42 бода и сега има само бод помалку од Челси кој е на шестото место со 43.

Подобро го започнаа натпреварот гостите и преку Енцо Фернандез стигнаа до водство во деветтата минута. Со тој гол „сините“ заминаа и со предност на паузата.

На сцена во вториот дел кај Астон Вила стапи тандемот Асенсио-Рашфорд. Шпанецот запиша, два гола, додека засилувањето за тимот од Бирмингем од Манчестер јунајтед во двете ситуации беше во улога на асистент.

Голот за израмнување Асенсио го постигна во 57. минута, додека за победа стрелаше во 89. За Челси ова беше втор пораз во низа по дебаклот од Брајтон со 3-0 во минатото коло, додека Астон Вила славеше по пет натпревари без победа во кои имаше четири нерешени средби и една победа.