Лазаров: Бриксен е квалитетна екипа, но наша предност беше ротацијата

Екипата на Алкалоид денеска со уште еден триумф од 38-31 во салата „Автокоманда“ го потврди пласманот во следната фаза.

Иако македонскиот претставник со две убедливи победи се пласираше во четвртфиналето, сепак Лазаров истакна дека станува збор за квалитетен тим, но со мал број ракометари во ротацијата.

„Мислам дека заслужено го поминавме ова осминафинале, иако игравме против една полетна и добра екипа. Можеби им недостасуваа повеќе ракометари во ротацијата, но тие 8-9 ракометари одиграа навистина квалитетно. Им недостасуваат повеќе ракометари и тоа беше нашата предноста, видовте и во Италија го одлучивме натпреварот во 35. минута. Во првото полувреме можеби делувавме пребрзи, нерутинирано и неискусно, не игравме на резултат. Правевме грешки и тоа во иднина мораме да го поправиме во следните натпревари“, изјави Лазаров.