
Лудо дерби со шест гола во Белград: Партизан со гол во 95. минута освои бод! (ВИДЕО)
Шампионската титула во Србија е решена бидејќи Звезда и пред овој натпревар имаше огромни 21 бод предност, но секако дека за Партизан беше важно да дојде до добар резултат и црно-белите беа мотивирани.
Ибрахим по само осум минути ја погоди мрежата на Звезда и донесе предност за составот на Партизан со која и заминаа на паузата. Но, Звезда набрзина во вториот дел дојде до пресврт. Ндијае во период од петминути во 46. и 51. минута постигна два гола за целосен пресврт.
Партизан израмни осум минути подоцна, меѓутоа Звезда во 63. минута постигна и трет гол преку Иваниќ за второ водство. Не завршија ниту тука возбудувањата видовме неколку шанси и на двете страни, а голот кој донесе бод за Партизан го постигна Николиќ и тоа од пенал во 95. минута.
На табелата по 24 кола Звезда има 68 бода на лидерската позиција, додека Партизан е далеку на втората позиција со 47.