Мизерни услови во Штип: Фудбал има - трева нема! (ФОТО)

На стадионот во Штип денеска се игра второлигашкиот дуел меѓу Брегалница и Новаци, обично фудбалот се игра на зелен терен, но на овој меч денеска зеленило нема ниту за лек.

Инфраструктурата во македонскиот фудбалер отсекогаш била под секое пристојно ниво, но она на што денеска се игра во Штип не може да се нарече ни фудбалски терен. 

Условите не се нормални, топката наместо по трева се тркала по земја како во некое африканско село.

Новото раководство на ФФМ на приоритетната листа ја стави инфракструктурата во македонскиот фудбал, па судејќи според она што го гледаме во Штип, ќе имаат полни раце работа за да ја направат Македонија пристојно место за играње на оваа игра.