Башкими ја изненади Македонија ЃП, Брегалница сигурна против Новаци

Актуелниот лидер на табелата во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), Македонија Ѓорче Петров на свој терен со 1-0 беше поразена од Башкими, Брегалница го искористи киксот ривалот и се доближи до врвот откако го совлада Новаци со 3-1.

Единствениот гол во Ѓорче Петров беше дело на Хусеин Демири кој погоди во 29. минута од натпреварот. Ова беа големи три бода за Башкими во борбата за влез во ПМФЛ и тоа од теренот кај лидерот.

Брегалница ја оправда фаворитската улога и со 3-1 го совлада Новаци на теренот во Штип.

Најубедлива ова коло беше Беласица која со 4-0 го совлада Вардар Неготино, Победа со минимални 1-0 го совлада Борец на негов терен.

Арсими и Охрид одиграа нерешено 1-1, Детонит Плачковица дома доживеа пораз од Каменица Саса со 2-1.

Немаше голови на дуелот во Автокоманда меѓу Скопје и Осогово, Кожуф со 1-0 го совлада Вардарски.

Резултати:

Арсими - Охрид 1-1
Беласица - Вардар 4-0
Борец - Победа 0-1
Брегалница - Новаци 3-1
Детонит - Саса 1-2
Скопје - Осогово 0-0
Кожуф - Вардарски 1-0
Македонија ЃП - Башкими 0-1

Табела: Македонија ЃП 41, Брегалница 37, Башкими 36, Арсими 33, Каменица Саса 28, Скопје 26, Детонит 26, Кожуф 26, Охрид 26, Беласица 22, Новаци 11, Победа 18, Вардар Неготино 17, Осогово 9, Борец 6, Вардарски 5.