Јунајтед се спасуваше од пораз на последното гостување на Гудисон парк (ВИДЕО)

Евертон и Манчестер јунајтед одиграа нерешено 2-2 во денешниот прв натпревар од Премиерлигата, домаќините може да жалат што имаа два гола предност на полувремето.

Ова беше последно гостување за Манчестер јунајтед на легендарниот Гудисон парк со оглед на тоа што Евертон ќе се пресели на нов стадион.

Евертон имаше одличен почеток на мечот, поведоа со гол на Бето уште во 19. минута, а веќе во 33. минута поведоа со 2-0 со погодок на Докуре.

Манчестер јунајтед изгледаше немоќно во првото полувреме и на почетокот од вториот дел, но еден слободен удар ги промени работите.

Во 72. минута Бруно Фернандеш од тој слободен удар намали на 2-1 и го врати Манчестер јунајтед во игра.

По тој погодок гостите како да добија самодоверба и осум минути подоцна Угарте даде гол за израмнување на 2-2.

Мечот продолжи рамноправно, во 94. минута се случи спорен момент кога судијата најпрво покажа пенал за Евертон, но потоа гледајќи ВАР снимка ја промени својата одлука.