Фернандеш: Аморим беше бесен на полувремето, во вториот дел бевме подобри!

Бруно Фернандеш открива дека Рубен Аморим бил бесен на фудбалерите на Манчестер јунајтед на полувремето, па вториот дел беше многу подобар.

Манчестер јунајтед се покажа во катастрофално издание во првото полувреме на Гудисон парк, по кое губеше со 2-0 во Евертон.

Црвените Ѓаволи беа многу подобри во вториот дел во кој се спасија од пораз постигнувајќи два гола, мечот заврши 2-2.

Фантастичен гол од слободен удар постигна Бруно Фернандеш, капитенот даде и изјава по мечот.

„Требаше да се држиме до планот, но не беше така на теренот, па тренерот беше многу бесен на нас поради тоа на полувремето“, вели Бруно Фернандеш.

„Во вториот дел се држевме до нашите идеи и одигравме со многу повеќе слобода и движење“.