
Фрајбург даде пет гола, на место е што води во ЛШ, а има – негативна гол-разлика!
Ова беше четврта победа по ред за тимот од Баден-Виртемберг и четврта во која не примија гол. Дополнително, ова е нивниот најубедлив триумф оваа сезона, која би можела да биде историска доколку продолжат со вакво темпо. Пред овој меч, екипата на младиот тренер Јулијан Шустер (39) трипати триумфираше со минимални 1-0 и тоа против Бохум, Хајденхајм и Сент Пaули. Интересен податок е што Фрајбург се наоѓа на позиција што води во Лигата на шампионите, иако има негативна гол-разлика (34-36).
Дуелот со Вердер донесе значително подобрување на таа статистика. Италијанскиот напаѓач Винченцо Грифо и јапонскиот офанзивец Рицу Доан беа двојни стрелци, додека францускиот дефанзивец Килијан Сидилја постигна уште еден гол. За Доан и Грифо, ова беше осми погодок сезонава.
Останатите средби од 23. коло од Бундеслигата ќе се одиграат утре и задутре.