
Од екстаза до болка: Трагична вест ја помати радоста на Босанците
По мечот во Тузла дојде до голема прослава, играчите се качија на трибините со навивачите и се пееше и славеше уште еден час. Утринава, исто така од Тузла, дојде трагична вест која ја помати радоста кај сите кошаркари.
Синоќа, веројатно додека се играл натпреварот, починал таткото на босанскиот репрезентативец Един Атиќ, Нихад. Причините за неговата смрт се уште не се познати.
„Нихад Атиќ, таткото на Един Атиќ, починал синоќа во Тузла. Кошаркарскиот сојуз на Босна и Херцеговина изразува искрено сочувство на нашиот репрезентативец и неговото семејство“, стои во соопштението од КСБИХ.
Атиќ во моментов е член на шпанскиот прволигаш Бреоган, а во својата кариера настапуваше и за АЕК, Мега, Игокеа, Будуќност итн.