Битка за важни бодови крај Охридското езеро, Вардар гостува на Струга

Денеска почнува 20. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), се игра еден меч, актуелниот шампион Струга го пречекува Вардар.

По поразот од Шкендија на отворањето на пролетниот дел од сезоната, Вардар денеска има уште една тешка задача, гостува кај Струга која цели кон одбрана на титулата.

Црвено-црните имаат комплетно реновиран тим на кој можеби му треба време да се воигра, но неопходно е да се освојуваат бодови во борбата за опстанок.

Струга заостанува дури осум бодови зад водечката Шкендија, Стружани се свесни дека ова за нив е последниот воз, нов кикс ќе значи и збогум со шансите за уште една шампионска титула.

Бодовите се важни и за двете екипи. Струга ќе ја има предноста на домашен терен, но Комити најавија присуство на натпреварот, па би требало и Вардар да има сериозна поддршка на овој натпревар.

Домаќините ќе ја имаат фаворитската улога, Вардар ќе се обиде да се претстави во добро издание и да се врати во Скопје најмалку со еден бод.

Сабота 14 часот:

Струга - Вардар

Недела 14 часот:

Брера - Шкупи
Беса - Гостивар
Работнички - Воска
Шкендија - Силекс
Тиквеш - Пелистер

Табела: Шкендија 40, Силекс 38, Гостивар 38, Работнички 37, Струга 32, Шкупи 25, Пелистер 20, Брера 20, Тиквеш 15, Воска 15, Беса 13, Вардар 13.