Леверкузен го победи Кил и се доближи до Баерн (ВИДЕО)

Екипата на Баер Леверкузен не дозовли изненадување и славеше сигурна победа во 23. коло од германската Бундеслига со 0-2 на гости кај Холштајн Кил.

Победата на фаворитот беше најавена уште во деветтата минута кога Патрик Шик го отвори резултатот.

Продолжија гостите со подобрата игра и пред крајот на првиот дел Адли се погрижи за 0-2.

Домаќините во вториот дел не упатија ниту еден удар во рамките од голот на Леверкузен, па избраниците на Чаби Алонсо сигурно ја чуваа предноста и не дозволија изненадување.

По овој триумф Леверкузен дојде до 50 бода, пет помалку од лидерот Баерн кој утре на домашен терен против Ајнтрахт го игра натпреварот од ова коло.

На остатите три средби Мајнц беше подобар од Сент Паули со 2-0, Волфсбург и Бохум одиграа 1-1, додека Аугусбрг на гости славеше над Борусија Менхегладбах со 0-3.