Aталанта ќе бара нов тренер: Гасперини најави заминување!

Италијанскиот стратег Џан Пјеро Гасперини најави заминување од клупата на Аталанта.

На Аталанта со Гасперини и оди одлично и оваа сезона, но Италијанецот најави дека ќе замине, меѓутоа не е сигурен дали тоа ќе се случи на крајот на оваа сезона или на истекот на неговиот договор следната сезон

„Едноставно се им свој почеток и крај. Донесов одлука да не го продолжам договорот, но не знам дали ќе замина кога ќе истече или по оваа сезона. За брзо ќе донесам одлука и ќе бидете информирани“, изјави Гасперини.

Гасперини Аталанта ја води од 2016 година и со него клубот го помина најуспешниот период и стигна и до Лигата на шампионите, а минатата сезона триумфираше во Лигата на Европа. Во кариерата Гасперини претходно ги водеше Палермо, Џенова, Интер и Кротоне.