
На Далас му тргна без Дончиќ – победи петти пат во последните шест меча (ВИДЕО)
„Телињата“ ноќеска, на домашен терен, триумфираа во пресметката со Њу Орлеанс Пеликанс со 111-103. Домаќините рано поведоа со двоцифрена разлика (30-20), но гостите од Њу Орлеанс во втората и третата четвртина неколку пати го преземаа водството. Клучниот момент се случи пред крајот на третиот период, кога Далас направи серија од 9-0 и поведе со 78-72, по што ја презеде контролата врз натпреварот и сигурно ја запечати победата.
Кајри Ирвинг беше најдобар поединец со 35 поени, додека Вашингтон додаде 24 во триумфот на Маверикс, во кој го немаше новото засилување од Лос Анџелес поради повреда.