„Промашивме многу отворени шутеви и нѐ казнија, но – ќе продолжиме да се бориме!“

Македонската кошаркарска репрезентација ги загуби и ионака малите шанси за пласман на ЕП 2025, откако беше поразена на гостувањето во Талин од селекцијата на Естонија (65-84).

И покрај добрата игра во првото полувреме, „црвено-жолтите“ не успеаја да го одржат ритамот во вториот дел. Селекторот Александар Јончевски, на прес-конференцијата по натпреварот, истакна дека клучот за поразот лежи во нереализираните отворени шутеви и ја пофали противничката селекција.

„Одигравме добро прво полувреме и ги исполнивме работите кои ги трениравме. Го контролиравме рекетот и одигравме цврста одбрана, оставајќи го естонскиот тим на само 38 поени во првите 20 минути. Но, во вториот дел промашивме многу чисти шутеви. Дел од играчите имаа одлични можности, но ако не ги искористите против ваков квалитетен противник – следува казна. Честитки до Естонија, тие заслужуваат да бидат на Евробаскетот. Ние мора да продолжиме да се бориме за идните шанси“, изјави Јончевски.

Во отсуство на поголема поддршка од тимот, Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс, заедно со Маслинко, се обидоа да ја одржат Македонија во игра, но тоа не беше доволно против цврстите Естонци. Квалификациите ќе ги завршиме в понеделник, кога во Скопје ќе ја пречекаме репрезентацијата на Полска во натпревар без резултатско значење.