Инцидент во Белгија: Тепачка го прекина мечот меѓу Андерлехт и Фенербахче (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Андерлехт и Фенербахче беше прекинат на самиот почеток поради тоа што изби тепачка на трибините.

Судијата реши да ги повлече фудбалерите од теренот во период од 15 минути за да се смират страстите, по што се очекува продолжение на средбата во Белгија.