Реал Сосиседад пукна „петарда“ против Митјиланд (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Сосиедад славеше со 5-2 во реваншот против Митјиланд и се пласира во осминафинале на Лига Европа.

Уште во првото полувреме беа постигнати пет голови. Најпрво Мендез и Сучиќ стрелаа за Реал Сосиедад, по што Букса и Осорио го израмнија резултатот (2-2).

Сучиќ беше стрелец на третиот гол за Реал Сосиедад во првото полувреме, по што шпанската екипа погоди и во вториот дел преку Ојарзабал и Оскарсон.

Пласман во осминафинале остварија и Викторија Плзен, која славеше со 3-0 против Ференцварош, како и Фенербахче против Андерлехт.