Резултатски ролеркостер во Норвешка што се гледа еднаш во животот! (ВИДЕО)

Бодо Глимт и Твенте одиграа меч за паметење, со неверојатен резултатски ролеркостер, по што норвешката екипа се пласира во осминафинале на Лига Европа.

Твенте пристигна во Норвешка со предност од 2-1, по што со автоголот на Сјоволд во 26. минута стигна до посакуваното водство, меѓутоа работите се променија во второто полувреме.

Хог од пенал во 56. минута ја врати надежта на Бодо Глимт со гол од пенал, по што следеше вистинска драма во судиското надополнување.

Бодо Глимт со два гола на Хилгерс и Вембангомо, во 92 и 94. минута, поведе со 3-1 и се најде на праг до осминафинале, меѓутоа во шестата минута од судиското надополнување Штејн стрелаше за 2-3 и ги однесе мечот во продолженија.

Домаќинот беше поконкретен во нападот во продолженијата, па преку Фет и Версхуерен ги постави конечните 5-2 и се пласира во осминафинале.