Шишковски и Николов со Борац се изборија за осминафинале во Конференциска лига

Македонските интернационалци Бобан Николов и Дамјан Шишковски со Борац Бања Лука се пласираа во осминафинале на Конференциската лига, откако вечерва ремизираа против Олимпија Љубљана, но имаа и победа од првиот меч (1-0).

Олимпија имаше одлична шанса во седмата минута, меѓутоа Алехандро Бланхо не реализираше удар од белата точка. Борац возврати со неколку добри шанси во продолжение, меѓутоа не можеше да го совлада противничкиот голман.

По вкупно 27 шанси на двете страни и ниту еден гол, Борац се пласира меѓу 16. најдобри екипи во европското натпреварување.

Бобан Николов играше до 91. минута од средбата за Борац, додека Шишковски остана на клупата за резерви.

Бетис загуби од Гент со 0-1 во реваншот, но поради триумфот од 3-0 од првиот дуел се пласира во следното коло, каде што друштво ќе им прави и Пафос кој ја надигра Омонија со 2-1.